СТРУЧЕН ИСПИТ (постапка)

1. Пријавувањето е од 1 до 15 секој тековен месец и ако има најмалку 5 кандидати ќе се одредува испитна сесија.

2. Откако ќе се пријават за полагање на стручен испит кандидатите се делат во групи од најмногу 6 и за секој од нив се изготвува посебен записник и еден заеднички записник за сите од таа испитна група, но и решение за формирање на испитна комисија и ден, датум и година за кога и каде ќе се полага испитот.

3.Претседателот на Комора го потпишува решението за испитната комисија.

4.Поедниечните записници за секој кандидат одделно го потпишува претседателот на испитната комисија , а заедничкиот записник за цела група го потпишува претседателот на испитната комисија и секој член на комисијата.

5.Откако ќе се одреди испитната комисија се покануваат за испит членовите на испитните комисии и кандидатите.

6.На самиот испит кандидатите прво полагаат компјутерски дел, а на администраторот му се кажуваат имињата на кандидатите и бр. на индексите и програмата по која кандидатот ги завршил студиите по стоматологија.

7.По положувањето на тестот полагаат устен дел (прашања од пракса) а службеникот на Комора ги запишува одговорите во поединичните записници изготвен за секој кандидат одделно.

8.По завршувањето на испитот на оние кои положиле им се кажува дека во рок од 15 дена од денот на испитот може да подигнат уверение за положен стручен испит и (доколку сакаат) работа лиценца чиј рок започнува да тече од денот на поднесување на барање за упис во Регистар со што докторот на стоматологија станува член на Комората.

Уверението и лиценцата за работа (копии заверени на нотар) на докторот ќе му се потребни за спроведување постапка за вработување кај работодавецот и истите по тој основ треба да ги достави во Министерство за здравство на РМ, евентуално и во Фондот за здравствено осигурување на РМ.