2/07

Состанок на Стоматолошката комора на Македонија со Министерството за здравство

На ден 27.06.2017 година реаководството на Стоматолошката комора на Македонија предводена од претседателот на Комората, Проф. д-р Владимир Поповски заедно со потпретседателите на Комората д-р Марија Андоновска, д-р Сабетим Черкези, претседателот на Собранието на СКМ , д-р Круме Чесноски и членовите на Извршниот одбор на СКМ д-р Џељаљ Ибраими и д-р Зумбри Емрулаи, оствари зедничка средба во кабинетот на Министерот за здравство.

На состанокот беа презентирани проблемите на стоматолошката фела кои најургентно треба да се решат и потребните измени на Законот за здравствена заштита. Од страна на Министерството беше понудено, а воедно и договорено да се направи измена и дополнување на постоечкиот закон преку работни групи од двете страни, со цел да се најде најсоодветно решение кое ќе ги задоволи потребите на стоматолозите и пациентите. Решенијата кои ги понуди СКМ се базираат на: заклучоците од последната седница на Собранието на СКМ, анализите и предлозите кои во СКМ беа прибирани и доставени од регионалните средби во регионалните одбори, стоматолошките здруженија и искуствата споделени од средбите на К4, FDI и CED.

За секоја понатамошна динамика во разговорите и преговорите со Министерството за здравство комората ќе продолжи да го известува своето членство.

 

 

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Претседател

Проф. д-р Владимир Поповски