Процедура за обновување на лиценцата за работа

Докторите на стоматологија (членовите на Стоматолошката комора) кои се стекнале со лиценца за работа своите работни дозволи имаат законска обврска да ги обновуваат на седум години.

Обновувањето на работните лиценци се прави согласно член 129 од Законот за здравствена заштита и Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа и формата и содржината за образците за лиценцата за работа на здравствениот работник со високо образование од областа на стоматологијата.

Процедурата што треба да ја спроведат дипломираните стоматолози кои се стекнале со лиценца за работа е:

-докторот стоматолог поднесува Барање за обновување на лиценцата (образец бр. 3) шест месеци пред истекот на последната година од периодот на важење на лиценцата и кон барањето приложува:

-Доказ дека во периодот на важност на лиценцата за работа се стекнал со соодветен број бодови (сертификати-фотокопии со име и презиме напишани и баркодовите да се фотокопираат ако се залепени на задната страна на сертификатот; Оригиналите се даваат на увид при доставување на документитите).

-Доказ дека најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа докторот работел во дејноста за која има лиценца за работа, односно доколку докторот има лиценца за работа во примарна стоматолошка здравствена заштита треба да достави доказ дека работел најмалку 4 годни полно работно време во ординација по примарна стоматолошка здравствена заштита. Доколку истиот доктор е вработен во специјалистичка стоматолошка ординација, стажот поминат таму не се зема предвид и обратно – докторот специјалист најмалку 4 години полно работно време треба да работи во специјалистичка ординација од истата област за да го исполни овој законски услов. Доколку докторот специјалист работи во општа ординација или специјалистичка ординација но од друга област, тој стаж не се зема предвид при констатирањето дали е исполнет овој услов од Законот за здравствена заштита. Како доказ се доставува М1/М2 фотокопија и потврда од Агеницјата за вработување за движење во служба.

-Доказ за уплатени членарини.

-Копија од лична карта.

-Копија од важечката лиценца за работа

-Копија од уплатата со износ од 3.200.00 ден за обновување на лиценцата доколку сите услови се исполнети.

Кликнете тука за да го превземете образец бр.3 (барање за обновување на лиценцата)