Промена на образецот

(промена од еден во друг тип на работа лиценца – односно, промена од лиценца за вршење примарна здравствена заштита во работна лиценца од одредена стоматолошка специјалистичка дејност).

Докторот кој својата лиценца за вршење на примарна здравствена заштита сака да ја промени во специјалистичка лиценца треба да достави:

-Оригинал важечка лиценца (треба да ја врати постоечката лиценца бидејќи во исто време не може да поседува две лиценци).

-Своерачна изјава заверена на нотар дека сака да направи промена на лиценцата притоа напоменувајќи дека е свесен за сите законски последици што произлегуваат од таквата промена кои ги презема на свој терет.

*Докторот кој веќе еднаш направил промена на образецот од еден во друг тип на лиценца за повторна промена на образецот (повторна промена на лиценцата) се задолжува да помине обука и проверка на знаењата во областа за која бара да се стекне со работна лиценца.

-Уплата од 600 денари за промена на образецот.

-Барање за промена на образецот (образец бр. 7)

Кликнете тука за да го превземете образец бр.7