Правиник за награди

 За доделување на награда за особени постигнувања во областа на стоматолошката здравствена дејност во Република Македонија

Член 1
Со овој Правилник се регулира доделувањето на наградата “Плакета” со која Стоматолошката комора на Македонија им оддава признание за особени остварувања во областа на стоматолошката здравствена заштита, на докторите-стоматолози и поединци и на здравствени организации во Република Македонија.

Член 2
Наградата “Плакета” се доделува на доктор по стоматологија поединец кој особено се истакнал во совесното и одговорното извршување на стоматолошката здравствена професија, кој остварил особено добри резултати во третманот на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај нив, кој остварил добра соработка и однос со своите колеги, неистакнувајќи ги притоа своите лични амбиции и квалитети и не злоупотребувајќи го своето влијание што го има кон пациентите за да се здобие со материјална корист, односно кој доследно се придржува кон принципите на стоматолошката етика и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија.

Наградата “Плакета” не може да се додели на доктори по стоматологија кои се на раководни и изборни функции.

Член 3
Наградата “Плакета” се доделува на здравствена организација кои во текот на една календарска година постигнала особено добри резултати во
лекувањето на пациентите, која добро ја организирала работата овозможила достапна, квалитетна и современа здравствена заштита и придонела за
унапредување и подобрување на стоматолошката здравствената заштита на населението во Република Македонија.

Член 4
Наградата се доделува за особени постигнувања во решавањето на најактуелен здравствен проблем во одделна област во стоматолошката здравствена заштита, кои ги определува Комисијата за доделување на награди, врз основа на претходна соработка со Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија.

Наградата “Плакета” се доделува за посебни остварувања во иста област во здравството само еднаш.

Член 5
Во една календарска година може да се доделат една награда за лекар поединец и една награда за здравствена организација.

Член 6
Иницијативата за доделување на награда може да поднесат регионалните одбори на Комората. Иницијативата за доделување на награда се поднесува писмено, со
образложение за причините за предлог на награда во смисла на член 2 и член 3 од овој Правилник и потребната документација.

Член 7
Наградата “Плакета” ја доделува Комисијата за награди. Комисијата за награди е составена од претседател и ______ членови.
Претседателот и членовите на Комисијата ги именува Собранието на Комората од редот на членовите на Комората. Мандатот на претседателот и членовите на Комисијата трае четири години со мандатот на другите органи на Комората.

Член 8
Комисијата за награди распишува конкурс за доделување на наградата “Плакета” и го објавува на њеб-страната на Комората. Конкурсот се објавува и во гласилото на Комората. Конкурсот трае еден месец.

Член 9
Комисијата за награди донесува одлука за доделување на наградите, во согласност со Извршниот одбор на Комората.
Комисијата за награди соработува со регионалните одбори и со Извршниот одбор на Комората, а може да консултира и реномирани стручњаци од стоматолошката здравствена област.
Одлуката за доделување на наградите Комисијата за награди ги донесува со јавно гласање, доколку не одлучи да го донесува со тајно гласање.

Член 10
Комисијата за награди може да одлучува ако на седницата присуствуваат две третини од членовите на Комисијата.
За седницатана Комисијата се води записник. Комисијата поднесува мандатен извештај за својата работа на Собранието на Стоматолошката комора на Македонија.

Член 11
Претседателот или член на Комисијата ако се предложени за доделувањето на наградата или ако е предложена здравствената организација во која се вработени,
не учествуваат во работата и во одлучувањето на Комисијата.

Член 12
Одлуката на Комисијата за награди доделените награди ги објавува на њеб-страната на Комората една недела пред врачувањето на наградите.
Одлуката на Комисијата за награди доделените награди ги објавува и во гласилото на Комората.

Член 13
На наградениот доктор-стоматолог му се доделува “Плакета”.
На наградената здравствена организација и се доделува “Плакета”.
На двајца најдобри дипломирани студенти им се дозволува да го полагаат стручниот испит без материјален надоместок.
На плакетата се става знакот на Комората, Република Македонија името на наградата, името и презимето односно фирмата и називот на добитникот, наслов на здравствената област во која е постигнато остварувањето за што е доделена наградата.

Член 15
Комисијата за награди доделува и благодарница на физички лица кои соработуваат со Комората и придонесуваат за афирмирање и успешно остварување
на функциите на Комората.
Предлог за доделување на благодарница може да поднесе Извршниот одбор на СКМ, комисиите и други органи и тела на Комората.

Член 16
Наградите, плакетите и благодарниците се врачуваат на свечен начин на денот на основањето на Комората.
Наградите и плакетите ги врачуваат Претседателот на Комората и Претседателот на Комисијата за награди, во присуство на Извршниот одбор, претставници од регионалниот одбор што ги предложил наградените, по еден претставник од регионалните одбори и други поканети лекари и гости.

Член 17
Стручните и административните работи во врска со доделувањето на наградите ги врши стручната служба на Комората.

Член 18
Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во гласилото на Комората.

Стоматолошка комора на Македонија
Претседател
Проф.д-р Марија Накова