Правилник судот на честа

ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА СУДОТ НА ЧЕСТА ПРИ СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИ ОДРЕДБИ

ЧЛЕН 1

Со овој правилник се уредуваат правилата за работа и организацијата на Судот на честа, поведување и водење на постапката, мерките што ги изрекува, извршување на мерките, трошоците на постапката и повторување на постапката.

ЧЛЕН 2

Правилникот произлегува и е во согласност со Законот за здравствена заштита, Статутот на стоматолошката Комора, Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија и другите акти на органите на стоматолошката Комора.

ЧЛЕН 3

Судот на честа на Стоматолошката комора на Македонија е независен орган на Комората чија функција е утврдена со Законот за здравствена заштита, Статутот на Комората и овој правилник.

ЧЛЕН 4

Во извршување на својата функција Судот на честа е независен и суди врз основа на закон, Статутот, Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија и овој правилник.

ЧЛЕН 5

Пред Судот на честа одговараат само членовите на Комората.

ЧЛЕН 6

Судот на честа суди во совет.

ЧЛЕН 7

Работата на Судот на честа е јавна, освен ако Судот не одлучи постапката пред Судот да биде затворена за јавноста. Ваква одлука Судот на честа донесува доколку оцени дека во текот на постапката може да биде издадена лекарска тајна или од други морални или етички причини.

ЧЛЕН 8

Судот на честа не е кривичен Суд и во постапката пред Судот на честа не се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка, туку постапката пропишана со Статутот на Комората на овој правилник.

ЧЛЕН 9

Судот на честа може да ги изрече само мерките кои се пропишани со Законот за здравсвена заштита и Статутот на Комората.

 ЧЛЕН 10

Судот на честа е должен да ги почитува Одлуките на редовните Судови и врз основа на нив да изрекува мерки од своја надлежност, но само за дела кои се поврзани со извршување на стоматолошката професија и почитувањето на законите кои докторот стоматолог го образуваат при извршувањето на неговата професионална дејност.

ЧЛЕН 11

 Сите учесници во постапката пред Судот на честа, како и органите и телата на Комората се должни на барање на Судот да ги достават сите акти, одлуки, списи, податоци, известувања и други документи кои се потребни за одлучување.

Сите членови на стоматолошката Комора и членовите на органите на Комората се должни на барање на Судот да ги достават документите или податоците што од нив ги бара Судот.

Членовите на Комората и членовите на органите на Комората се должни на Судот на честа за потребите на постапката да му ги достават и документите и податоците кои во себе содржат лекарска тајна или заштитени лични податоци, а членовите на Судот на честа се одговорни за нивната заштита.

ЧЛЕН 12

Судот на честа на Стоматолошката Комора постапува само по предлог за поведување на постапка од страна на обвинителот на Комората.

Ако од кои било причини пријавата за поведување на постапка од страна на овластени предлагачи стигне директно до Судот на честа, Судот е должен пријавата веднаш да ја препрати до Обвинителот на Комората.

Покренато барање од страна на Обвинителот на Комората мора да заврши со донесување на одлука од страна на Судот на честа.

Премолчување на пријавата за покренување на постапка од страна на Судот на честа е тешка повреда на Статутот на Комората, Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија и овој правилник и за тоа одговараат членовите на Судот.

ЧЛЕН 13

Материјални, просторни и други услови за работа на Судот на честа обезбедува Стоматолошката комора со одлука на Собранието на Комората.

ЧЛЕН 14

За својата работа Судот на честа одговара пред Собранието на Комората и за својата работа, по потреба, го информира Собранието, а еднаш годишно му поднесува и извештај.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СУДОТ НА ЧЕСТА

ЧЛЕН 15

Судот на честа на Стоматолошката комора го сочинуваат претседател и седум членови на Судот.

Претседателот и членовите на Судот на честа ги избира и разрешува Собранието на Стоматолошката комора со мандат од четири годони.

ЧЛЕН 16

Пред Судот на честа на Стоматолошката комора мора да се обезбеди двостепеност на постапката.

Во првиот степен на постапката одлучува Совет од тројца членови на Судот на честа.

Во вториот степен на постапката одлучува Совет од 5 ( прв ) члена на Судот на честа.

Претседавачот и два члена на Советот кој одлучува во прв степен на постапката ги определува претседателот на Судот на честа со решение кое им го доставува на членовите на Судот.

Претседателот на Судот со решение го определува и составот на Советот кој одлучува во втор степен на постапката и претседава со истиот.

ЧЛЕН 17

По правило, во Советот кој одлучува по втор степен не треба да учествува член на Советот што одлучува по прв степен.

Во исклучителни случаи, кога тешко може да се состави Совет од 5 ( пет ) други членови на Судот, во Советот што одлучува во втор степен може да бидат именувани најмногу 2 ( два ) члена од првостепениот Совет.

ЧЛЕН 18

Членовите на Судот на честа не може да одбијат да работат во Советот што го одредил претседателот ако за такво нешто немаат посебни причини.

За посебни причини се сметаат: потешка болест на членот на Судот, потешка болест на член на семејството, подолго отсуствто од земјата од разни причини, ако членот на Судот и обвинетиот претходно имале некаков судски спор, блиско сродство меѓу членот на Судот и обвинетиот, блиско сродсвто меѓу член на Судот и оној кој поднел пријава за покренување на постапка ако се работи за доктор поединец, ако членот на Судот и обвинетиот работат во иста здравствена организација.

ЧЛЕН 19

Судот на честа преку првостепениот и второстепениот Совет, одлуките ги донесува со гласање.

Одлуката е донесена ако за неа гласале мнозинство од членовите на Советот.

ЧЛЕН 20

Претседателот на Судот на честа го претставува Судот, ја организира неговата работа, редовно комуницира со органите на Комората, со обвинетиот на Комората и со бранителите на Комората.

Претседателот на Судот редовно се грижи за работата на првостепениот и второстепениот Совет и им помага во нивната работа.

ЧЛЕН 21

Претседателот на Судот најмалку еднаш на шест месеци го свикува Судот на честа во полн состав при што се расправа за проблеми поврзани со работата на Судот.

На овие седници, по правило, се покануваат и Обвинителот на Комората, претседателот на Комората, претседателот на Извршниот одбор, претседателот на Надзорниот одбор и претседателот на Комисијата на стоматолошката етика и деонтологија.

На седниците во ваков состав се расправа и за појавите на кршење на законите, Статутот на Комората и Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија и се договора за координирана активност на органите на Комората.

Судот на честа во полн состав одлучува како поширок Совет на Судот (Совет на Судот).

ЧЛЕН 22

Претседателот на Судот на честа со решението за определување на составот на судските совети, во нивната работа задолжително го ангажира и правниот советник на Комората или професионално вработен правник во Комората.

Правникот учествува како правен експерт во работата на Советот, помага со правни Совети и толкувања во текот на водење на постапката, но нема право да се меша при одлучувањето, не смее да сугерира кои мерки да ги изрече Судот и нема право да гласа при донесување на одлуката.

Правникот на Комората со помош на Стручната служба ги обезбедува сите технички и административни услови за работата на Судот на честа, како и водењето на записници од расправата во постапката, односно изготвувањето на донесените одлуки на Судот на честа.

ПОСТАПКА ПРЕД СУДОТ НА ЧЕСТА

ЧЛЕН 23

Постапка против членот на Комората пред Судот на честа поведува Обвинителот на Комората.

Обвинителот на Комората, одлуката за поведување на постапка пред Судот на честа ја доставува во писмена форма до претседателот на Судот.

Заедно со одлуката за поведување на постапка, Обвинителот ја доставува и пријавата за поведување на постапка како и сите докази кои ги обезбедил како поткрепа на обвинувањето.

ЧЛЕН 24

Одлуката за поведување на постапка од страна на Обвинителот треба да биде уредена во форма на обвинение и задолжително треба да содржи:

  • Назив на обвинителот што ја испраќа;
  • Назив на Судот на честа до кој се испраќа;
  • Име и презиме на членот на Комората против кој се бара покренување на постапка;
  • Точна адреса на живеење и здравствената установа во која работи членот на Комората;
  • Опис на повредата со цитирање на членовите од законот или другите акти на Комората кои се повредени;
  • Местото и времето на извршување на повредата;
  • Докази кои се прибрани за сторената повреда;
  • Причини врз кои се заснова основното сомнение дека е сторена повреда, ако не било можно да се прибават материјални докази во претходната фаза;
  • Предлог членот на Комората да биде прогласен за виновен и да му биде изречена мерка.

ЧЛЕН 25

Обвинителот во својот предлог може и не мора да предлага конкретна мерка.

Судот на честа не е должен да се држи за мерката што ја предложил Обвинителот.

ЧЛЕН 26

Одлуката, со предлог уреден во форма на обвинение се доставува до претседателот на Судот на честа и тоа за секој обвинет член на Комората поединечно.

Одлуката се доставува во толку примероци колку што има обвинети и два примероци за Судот на честа.

ЧЛЕН 27

Со доставување на одлуката за поведување на постапка Обвинителот има обврска да го застапува обвинувањето во текот на постапката пред Судот на честа и нема право да го повлече обвинувањето во текот на постапката.

ЧЛЕН 28

По приемот на одлуката за поведување на постапка уредена во форма на обвинување, претседателот на Судот на честа во рок од 10 дена одлучува дали ќе отвори поведување на постапка пред Судот или ќе донесе решение со кое се отфрла одлуката за поведување на постапка од страна на Обвинителот.

Решение за отфрлање претседателот на Судот може да донесе само во следните околности :

  • Ако Судот на честа не е надлежен да постапува по предлогот;
  • Ако постапката поради иста повреда и кон ист учесник е веќе поведена;
  • Ако обвинетиот не е член на Комората;
  • Ако обвинетиот во меѓу време престанал да се бави со стоматолошка дејност.

ЧЛЕН 29

Решението за отфрлање на предлогот за поведување на постапка претседателот на Судот на честа го доставува до обвинителот на Комората и до обвинетите членови на Комората.

ЧЛЕН 30

Обвинителот на Комората има право во рок од 10 дена од добивањето на решението да поднесе приговор до Советот на Судот на честа.

Одлуката на Советот на Судот на честа е конечна.

ЧЛЕН 31

Доколку не постојат околностите од член 28 на овој правилник, претседателот на Судот на честа донесува решение за отворање на постапка пред Судот на честа согласно предлогот на Обвинителот на Комората.

ЧЛЕН 32

Со донесување на решение за отворање на постапка, претседателот на Судот на честа донесува и решение за формирање на првостепен Совет на Судот на честа со кои ги именува членовите на Советот и претседавачот со Советот. Со истото решение го определува и датумот на започнување на постапката пред првостепениот Совет на Судот на честа.

Решението за отворање на постапката како и решението за формирање на првостепен Совет со целокупниот материјал доставен од Обвинителот на Комората, претседателот на Судот ги доставува до претседавачот на првостепениот Совет на Судот на честа.

ЧЛЕН 33

Решенито за отворање на постапката и решението за формирање на првостепениот Совет на Судот на честа, претседателот на Судот ги доставува и до Обвинителот на Комората.

ЧЛЕН 34

Претседавачот на првостепениот Совет на Судот на честа, решението на претседателот на Судот за отворање на постапка, предлогот на Обвинителот за покренување на постапка и целокупниот матерјал добиен од Обвинителот ги доставува до обвинетите членови на Комората и до останатите членови на првостепениот Совет.

Заедно со матерјалите од ставот 1 на овој член претседавачот испраќа и покана за почеток на претресот во која точно го определува денот, датата саатот и местото каде ќе се одржи претресот .

Рокот од денот на закажување до денот на почеток на претресот не може да биде пократок од 15 дена.

ЧЛЕН 35

Претседавачот на првостепениот Совет до обвинетите членови на Комората ја испраќа и листата на бранителите на Комората со барање во рок од 5 дена од добивањето на листата да се изјаснат кои од бранителите сакаат да ги застапува пред Судот на честа за време на претресот.

Обвинетите членови на Комората имаат право да ангажираат и професионални бранители, за што треба да го известат Судот пред почетокот на претресот, а на бранителот да му извадат полномошно.

Обвинетиот член на Комората може да одлучи и сам да се брани во постапката пред Судот на честа.

ЧЛЕН 36

Обвинетиот член на Комората, во постапката, може да побара да бидат сослушани и сведоци кои тој ќе ги посочи.

Барањето треба да биде доставено во рок од 5 дена од добивањето на поканата за почеток на претресот.

Ако предложените сведоци одбијат да сведочат во постапката пред Судот на честа, Судот е должен да ја почитува нивната волја и против нив не може да се преземат никакви мерки.

ЧЛЕН 37

Претседавачот на првостепениот Совет одлучува во која фаза на претресот ќе ги повика сведоците. Сведоците задолжително се повикуваат во ист ден и на ист претрес, со тоа се сослушуваат еден по еден и без право да се слушаат еден со друг.

ЧЛЕН 38

Претседавачот на првостепениот Совет покана за почеток на претресот упатува до Обвинителот на Комората и до избраниот бранител од страна на обвинетиот член на Комората.

ЧЛЕН 39

Поканата за почеток на претресот пред Судот на честа се испраќа со препорачана брза пошта на домашна адреса на сите странки во спорот и со тоа се смета дека се уредно поканети.

За оправдана спреченост за присуство на претресот се смета болест или отсуство од земјата на подолго време што се докажува со адекватна документација.

Доколку не се оправда недоаѓањето на претресот, Судот на честа ќе одлучува во отсуство на обвинетите или другите странки во постапката.

ПРЕТРЕС ПРЕД СУДОТ НА ЧЕСТА

ЧЛЕН 40

Претресот се води пред првостепениот Совет на Судот на честа кој мора да биде во полн состав.

Председавачот на Советот го отвора претресот и најнапрад утврдува дали сите повикани се присутни и дали се уредно поканети.

Ако се утврди дека обвинетиот не е присутен и не е уредно поканет, претресот се одложува и се закажува нов претрес. Истото се прави и ако обвинетиот го оправдал своето отсуство, а оправдувањето го прифатило Советот.

Долку обвинетиот е уредно поканет и не го оправдал своето отсуство, Советот претресот го води во негово отсуство и изрекува мерка во негово отсуство.

Обвинетиот член на Комората не може да користи можност во негово отсуство во негово име да биде застапуван од полномошник.

Доколку на претресот не се појават Обвинителот или Бранителот, а уредно се поканети, Советот го води претресот во нивно отсуство.

Секој обид на отежнување или одолговлечување на постапката Судот на честа ќе го смета за отежнителна околност при изрекување на мерката.

ЧЛЕН 41

Претседавачот на првостепениот Совет најнапред му дава збор на Обвинителот на Комората кој не може само да потврди дека останува на поднесеното обвинување, а може да го прошири обвинувањето.

Веднаш потоа, претседавачот му дава збор на обвинетиот член на Комората за да ги изнесе своите аргументи во сопствена одбрана.

Претседавачот на Советот е должен да му даде збор и на Бранителот на Комората доколку е присутен или на професионалниот бранител доколку е ангажиран од обвинетиот.

ЧЛЕН 42

Претседавачот на Советот за цело време на претресот има право да дава и одзема збор, да поставува прашање од интерес на доказите во постапката и е одговорен за одржување на редот на претресот.

Прашања до Обвинителот и до обвинетиот член на Комората може да поставуваат и другите членови на првостепениот Совет.

Правни толкувања за време на претресот дава правникот на Комората.

ЧЛЕН 43

За цело време на претресот се води записник од страна на службено лице од Стручната служба на Комората, кое Советот го именува како записничар на Судот на честа.

Во записникот се внесуваат целосно изјавите на сите страни во постапката, на тој начин што претседателот на Советот на глас диктира за содржината што треба да се внесе во записникот.

По исцрпување на претресот претседавачот ги цитира и сите писмено поднесени докази, друг вид на документи и со тоа го заклучува претресот.

Записникот од одржаниот претрес го потпиешуваат претседавачот, Обвинителот и обвинетиот член на Комората и записничарот.

ЧЛЕН 44

По заклучување на претресот претседавачот на првостепениот Совет ги замолува членовите на Советот да се повлечат во посебна просторија со цел да одлучат дали одлуката ќе ја донесат веднаш или ќе го одложат донесувањето на одлука.

Одложвањето на донесување на Одлука не може да биде подолго од 10 дена.

Странките во спорот се замолуваат да почекаат додека Советот се консултира. Долку првостепениот Совет донел одлука за изрекување на мерка веднаш после претресот, одлуката ја соопштува усно на присутните странки во постапката.

Независно од тоа кога Советот ја донел одлуката, таа мора во писмена форма со образложување да им се достави на Обвинителот и на обвинетиот.

ЧЛЕН 45

Одлуката со која обвинетиот член на Комората може да биде ослободен од обвинувањето или да биде прогласен за виновен и да му биде изречена една од мерките, првостепениот Совет ја донесува со гласање.

При гласањето членовите на Советот гласаат “за” или “против” мерката којашто ја предлага претседавачот на Советот. Членовите на Советот не може да бидат воздржани при гласањето.

МЕРКИ КОИ ГИ ИЗРЕКУВА СУДОТ НА ЧЕСТА

ЧЛЕН 46

Судот на честа со одлука на првостепениот и второстепениот Совет на обвинетиот член на Комората може да му изрече една од следните мерки :

  1. Опомена;
  2. Јавна опомена;
  3. Забрана за извршување на функции во органите на Стоматолошката комора;
  4. Привремено одземање на лиценцата за работа;
  5. Трајно одземање на лиценцата за работа.

  ЧЛЕН 47

Писмено изготвената одлука на Советот на Судот на честа треба задолжително да содржи:

Назив на судот;

Состав на Советот на Судот на честа;

Податоци за учесниците во постапката;

Предмет на постапката;

Ден на одржување на претресот;

Ден на донесување на олуката;

Изречената мерка;

Образложение;

Правна поука.

ЧЛЕН 48

Одлуката за изречената мерка или ослободување од обвинувањето, првостепениот Совет ја доставува до обвинетиот и Обвинителот.

Одлуката ја потпишуваат сите членови на првостепениот Совет.

Обвинителот на Комората и обвинетиот член на Комората доколку се незадоволни од одлуката на првостепениот Совет имаат право на жалба до второстепениот Совет на Судот на честа.

Правото на жалба истекува во рок од 15 дена од добивањето на одлуката.

ЧЛЕН 49

Жалба до второстепениот Совет на Судот на честа може да поднесат само Обвинителот на Комората и обвинетиот на кој му е изречена мерка од првостепениот Совет.

Во жалбата треба да биде јасно укажано на кои наводи од одлуката се приговара и што се бара со жалбата.

Жалбата се испраќа со препорачана пошта на адреса на Стоматолошката комора со назнака за “Совет од втор на Судот на честа” или се носи на рака во архивата на Стоматолошката комора.

ЧЛЕН 50

Жалбата ја прима и ја разгледува најнапред претседателот на Судот на честа. Претседателот утврдува дали жалбата е поднесена во предвидениот рок од член 48 на овој правилник и доколку не е запазен тој рок со решение ја отфрла жалбата.

Доколку претседателот на Судот на честа ја отфрли жалбата поради незапазување на рокот, одлуката на првосудниот Совет на Судот на честа станува правосилна.

Решението за отфрлање на жалбата претседателот на Судот на честа го доставува до подносителот на жалбата и до претседавачот на првостепениот Совет на Судот на честа.

ЧЛЕН 51

Доколку претседавачот на Судот на честа утврди дека жалбата е правовремено поднесена, должен е во рок од 5 дена од приемот на жалбата да донесе решение за формирање на второстепен Совет на Судот на честа.

Со решението именува 5 членови на второстепениот Совет и со истиот Совет преседава. Со истото решение претседателот го определува и денот, часот и местото на заседавање на второстепениот Совет.

ЧЛЕН 52

Претседателот на Судот на честа го прибавува комплетниот предмет по кој одлучувал првостепениот Совет и на сите членови на второстепениот Совет им испраќа по еден примерок, заедно со жалбата поднесена од Обвинителот или обвинетиот.

ЧЛЕН 53

На првото заседавање второстепениот Совет на Судот на честа го разгледува и оценува целокупниот матерјал од постапката до одлуката на првостепениот Совет и тоа во отсуство на подносителот на жалбата и другите странки во постапката.

Второстепниот Совет ги разгледува и оценува и наводите во жалбата и после исцрпна анализа на целокупниот предмет може да донесе одлука за:

  1. Потврдување на одлуката на првостепениот Совет без повторен претрес;
  2. Преиначување на одлуката на првостепениот Совет без повторен претрес;
  3. Укинување на одлуката на првостепениот Совет и закажување на нов претрес пред второстепениот Совет.

ЧЛЕН 54

Ако второстепениот Совет донел одлука да ја потврди или преиначи одлуката на првостепениот Совет без повторен претрес, одлуката со записникот од седницата на Советот ги доставува до подносителот на жалбата, другите странки во постапката и до претседавачот на првостепениот Совет на Судот на честа.

 ЧЛЕН 55

Одлука за укинување на одлуката на првостепениот Совет, второстепениот Совет на Судот на честа донесува само во случаите кога ќе утврди дека првостепениот Совет направил сериозно пропусти во постапката, недоволно ги расветлил наводите од обвинувањето или недоволно ги зел предвид аргументите на одбраната.

Одлуката за укинување на првостепениот Совет претседателот на Судот на честа ја доставува до претседавачот на првостепениот Совет, Обвинителот на Комората и обвинетиот член на Комората.

Истовремено, претседателот донесува решение за закажување на нов претрес пред второстепениот Совет на Судот на честа и до сите странки на постапката упатува покана за претрес, во која го одредува местото, денот и часот кога ќе се одржи претресот.

ЧЛЕН 56

За начинот на испраќање на поканите, уредноста на поканувањето, оправданост или неоправданост на отсуството, претресот пред второстепениот Совет, начинот на донесување на одлуката, важат истите постапки и правила како при првостепениот Совет на Судот на честа.

ЧЛЕН 57

Одлуката на второстепениот Совет на Судот на честа по својата форма и содржина мора да ги исполнува условите од член 47 на овој правилник и задолжително се доставува до Обвинителот на Комората и до обвинетиот член на Комората.

ЧЛЕН 58

Одлуката на второстепениот Совет на Судот на честа е коначна и против неа не е дозволена жалба против одлуката која е изречена мерка “ВРЕМЕНО” и “ТРАЈНО” одземање на лиценцата за работа. Дозволена е жалба до министерот за здравство, во рок од 15 дена од денот на добивањето на одлуката.

ЧЛЕН 59

Судот на честа води евиденција за изречените мерки. Изречените мерки се објавуваат на начин и во гласила за кои ќе одлучи Советот што ја изрекол мерката.

Изречените мерки може да бидат објавени во “Службен весник на Република Македонија”, дневни весници или гласникот на Комората.

За изречената мерка задолжително се информира здравствената организација во која работи членот на Комората.

ИЗВРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

ЧЛЕН 60

Мерката “ОПОМЕНА” се извршува со доставување на одлуката на обвинетиот.

Мерката “ЈАВНА ОПОМЕНА” се извршува со објавување на одлуката во некое од јавните гласила.

Мерката “ЗАБРАНА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ФУНКЦИИ ВО ОРГАНИТЕ НА КОМОРАТА” се извршува со објавување во гласникот на Комората и со суспендирање на функцијата во органите ако членот на Комората ја извршува во тековниот мандат. Оваа мерка ја спроведува Собранието на Комората.

Мерката “ВРЕМЕНО” и “ТРАЈНО” одземање на лиценцата за работа се извршува со доставување на одлуката до министерството за здравство и организацијата во која работи членот на Комората.

ЧЛЕН 61

Мерката “ОПОМЕНА” се брише од евиденцијата на Судот на честа по истекот на една година од правосилноста на одлуката со која е изречена.

Мерката “ЈАВНА ОПОМЕНА” се брише од евиденција во рок од две години од правосилноста.

Бришењето на овие мерки е условено со неповторување на повреда која пак може да биде предмет на постапка пред Судот на честа.

ТРОШОЦИ НА ПОСТАПКАТА ПРЕД СУДОТ НА ЧЕСТА

 ЧЛЕН 62

Судот на честа е волонтерски орган и секогаш настојува постапката да биде завршена со што пониски трошоци.

Членовите на Судот на честа својата функција ја извршуваат волонтерски и не може да бараат посебни награди освен неопходните патни и дневни трошоци што важат и за членовите на Собранието на Комората.

Обвинителот и Бранителот на Комората исто така не може да бараат посебна награда и за нив важи истото што и за членовите на Судот на честа.

Обвинетиот, сведоците и професионалниот бранител имаат паво и на загубена заработувачка за деновите кога е воден претресот и за нив важат тарифите на редовните судови или на Адвокатската комора на РМ.

Сите трошоци поврзани со постапката се на терет на обвинетиот член на Комората доколку биде прогласен за виновен и му биде изречена мерка од страна на Судот на честа.

Доколку обвинетиот член на Комората биде ослободен од обвинувањето сите трошоци на постапката паѓаат на товар на Стоматолошката комора.

Независно од исходот на постапката, секоја странка ги сноси трошоците на постапката што ги предизвикала по своја вина.

ЧЛЕН 63

Доколку членот на Комората кој е прогласен за виновен му е изречена мерка, одбие да ги плати трошоците на постапката, претседателот на Комората е должен да ги преземе сите мерки што произлегуваат од јавните овластувања на Комората.

Претседателот на Комората е должен да даде налог за плаќање на трошоците на постапката кога нив ги сноси Комората.

ПОСТАПКИ ПРЕД СУДОТ НА ЧЕСТА ВРЗ ОСНОВА НА СУДСКА ПРЕСУДА НА РЕДОВНИТЕ СУДОВИ

ЧЛЕН 64

Судот на честа е должен да изрече мерка од својата надлежност и согласно овој правилник, ако со пресуда на редовните судови член на Комората е прогласен за виновен и осуден.

Судот на честа ќе изрече мерка според судската одлука само ако членот на Комората е осуден за кривично дело поврзано со извршување на стоматолошката професија.

Изречување на мерка според пресуда на редовните судови, Судот на честа ја врши без претрес.

Одлуката за изречување на мерка ја донесва Советот на Судот на честа.

ЧЛЕН 65

Одлуката за изречување на мерка кон судска пресуда од редовните судови се доставува до Обвинителот и обвинетиот.

Жалбената постапка, иста како и при изрекување на мерките во редовна постапка од страна на Судот на честа.

ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

ЧЛЕН 66

Постапката пред Судот на честа може да биде повторена само на предлог на Обвинителот на Комората.

Обвинителот на Комората е должен да поднесе предлог за обновување на постапката доколку дојде до нови докази кои може битно да влијаат за укинување или преиначување на изречената мерка.

ЧЛЕН 67

За прифаќње или одбивање на предлогот на Обвинителот за повторување на постапката одлучува Советот на Судот на честа.

Доколку Советот на Судот на честа одлучи да се обнови постапката, претседателот на Судот на честа е должен веднаш да формира првостепен

Совет и решението за повторување на постапкта да му ги достави на претседавачот на првостепениот совет.

Понатаму постапката течи согласно со овој правилник како прв пат да била отворена.

Стоматолошка Комора на Македонија

Суд на честа

Претседател : Д-р.Милан Камчев