Постапка за стручен испит

По завршувањето на шестгодишните, односно петгодишните студии на високообразовна институција по стоматологија дипломираните доктори имаат законска обврска да полагаат стручен испит пред Комисија во Стоматолошката комора на Македонија по што се стекнуваат со уверени за положен стручен испит и лиценца за работа со важност од седум години, сметано од денот на издавање (член 124 од Законот за здравствена заштита).

Постапката за стручен испит дипломираниот стоматолог ја започнува со:

*Поднесување на:

-Уверение со оценки заверено на нотар.

-Стажанска книшка со стаж поминат кај доктори специјалисти во зависност од турнусите за стаж.

-Копија од лична карта (за да се знае дали е државјанин на РМ или е граѓанин со времен престој од што зависи дали ќе му се издаде лиценца од 7 години или лиценцата ќе се продолжува во зависност од лич.карта/односно од времето за престој во РМ).

-Уплата од 30.000,00 денари за полагање државен испит(се уплаќа на општа уплатница – ПП10).

-Пополнета Пријава за стручен испит (образец 1)

Кликнете тука за да го превземете образецот за Постапка за стручен испит