Постапка за нострификација на стручен испит

За студентите кои студиите ги завршиле во странство се спроведува постапка за нострификација на стручен испит пред испитна комисија на Стоматолошката комора на Македонија по што се стекнуваат со уверение за положен стручен испит и лиценца за работа со важност од седум години, сметано од денот на издавање (член 124 од Законот за здравствена заштита).

Постапката подразбира:

-Кандидатот доставува:

– Уверение со оценки и копија заверена на нотар и превод од уверението со нотарска заверка.

Од уверението се гледа дали кандидатот завршил 5-годишни или 6-годишни студии (10 или 12 семестри или 360, односно 300 ЕКТС) за да се констатира по која програма треба да стажира (за 6-годишни студии стажот е со траење од 6 месеци, а за 5-годишни студии стаж од 1 година)

-Превод заверен на нотар од план и програма за стаж или превод од стажанска книшка од која што се констатира дали стажот што кандидатот за нострификација евентуално го поминал на високообразовната институција е пред дипломирањето или по дипломирањето како кај студентите кои студии завршиле во Република Македонија.

Стажирањето кое треба да се спроведе во Реублика Македонија мора да започне по стекнување на Решението за нострификација на диплома издадено од Министерството за образование на РМ со кое во државава се признава дипломата на кандидатот стекната во странство.

-Копија лична карта.

-Решение за нострификација на диплома издадено од Министерство за образование на РМ.

Доколку докторот специјализирал во странство,

Решение за нострифицирана специјализација издадено од Министерство за образование на РМ е доказ за признавање на специјализацијата во РМ врз коешто се издава специјалистичка лиценца, но со претходен доставен доказ за завршен факултет и положен стручен испит согласно Законот за здравство. Во спротивно, докторот ќе се задолжи да нострифицира стручен испит па по нострифицирањето на стручниот испит во Комората му се издава специјалистичка лиценца согласно Решението за нострификација на специјализацијата издадено од Министерство за образование на РМ).

– Уплата од 50.000,00 денари за стручен испит ( се уплаќа на општа уплатница ПП10)

-Пополнета Пријава за стручен испит (образец 1)

Кликнете тука за да го превземете образецот за постапка за нострификација на стручен испит