Обука и проверка на знаењата

Оние доктори на стоматологија кои не исполниле законски услови за продолжување на лиценцата во 7-годишниот рок:

  • не работеле во дејноста за која ја добиле лиценцата најмалку четири години полно работно време во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа,
  • немаат бодови од континуирана стоматолошка едукација – КСЕ

(Доколку докторот на стоматологија побара обновување на лиценцата во законски предвидениот рок а не исполнил некој од другите законски услови, му се издава решение за продолжување на лиценцата во рок од 6 месеци -решението е замена на лиценцата – и во тој рок се задолжува да помине обука   и проверка на знаењата.

  • не дошле на време да ја обноват лиценцата

(Доколку поминал рокот на важност на лиценцата, без разлика дали другите услови од Законот се исполнети, на докторот времено му се одзема лиценцата на 6 месеци што значи дека за време на тие шест месеци докторот по стоматологија нема да поседува документ за работа во дејноста)

Треба да поминат обука и проверка на знаења но по претходно доставено писмено барање за спроведување на обука, согласно член 129, 130, 132, 133 и член 134 од Законот за здравствена заштита.

Процедурата за обука и проверка на знаењата опфаќа :

-Докторот на стоматологија приложува копија од лиценца,

-М1/М2 образец и потврда од Агенција за вработување за движење во службата.

-Сертификати за помината континуирана стоматолошка едукација-КСЕ.

-Копија од лична карта.

-Уплата од 36.000,00 ден за проверка на стручните знаења.

-Доставува Пријава за обука и проверка на знаењата (образец бр. 4). Кликнете тука за да го превземете

Кликнете тука за да го превземете образец бр.4