Набавување на фискални каси
Почитувани колешки и колеги,
Следејќи ја состојбата во врска за набавување на фискални каси со вграден GPRS, SIM Card, SD Card и Krypto Module за стоматолошки ординации Стоматолошка комора договори групен попуст и повластена цена за своите членови со некои од овластените производители и дистрибутери.
ПОНУДИТЕ СЕ ПО РЕДОСЛЕД НА ПРИСТИГАЊЕ ВО СКМ , и тоа:
ЗА ФИКСНИ ФИСКАЛНИ КАСИ:
-Со ДАВИД Компјутери
(www. david.com.mk ,контакт 022450372///078 414 733)
за ПЕРФЕКТ С – 10.990,оо денари + 18% ддв .
-СО ФИДИТЕК
(www.fiditek.mk , контакт 026092069///076 339479)
за ПЕРФЕКТ С – 9600,00 + 18% ддв,
*со додаток дека ја откупуваат секоја одјавена стара каса за 900,00 денари
за СЕВЕРЕЦ – 12400,00 +18% ддв
*со додаток дека ја откупуваат секоја одјавена каса за 3100,00 денари.
-Со Акцент компјутери
( www.accent.com.mk, контакт 023136336)
за Синерџи SY55 19990,00 денари со вклучен 18% ддв
за Синерџи SY250 10990,00 денари + 18% ддв
за надградба на стара каса од Акцент 10990,00 денари+18% ддв
* производителот на наведените цени дава попуст за членови на СКМ од 10% при купување на нова каса и 5% при надградба на стара каса
за СЕВЕРЕЦ – 12.400,00 денари + 18% ддв
* со додаток дека ја откупуваат секоја одјавена стара каса за 3100,00 денари , а во пакетот има и 16 ролни фискална хартија гратис.
ЗА МОБИЛНИ ФИСКАЛНИ КАСИ:
_ДАВИД Компјутери
(www. david.com.mk ,контакт 022450372///078 414 733)
за ЕКСПЕРТ – 9000,00 денари + 18% ддв
и додатно само 250,00 денари годишно за осигурување на каса од секакви дефекти
_Акцент компјутери
( www.accent.com.mk, контакт 023136336) за Синерџи SY46 15990,00 со вклучен ддв
* со 10% попуст од наведената цена за членови на СКМ
За сите информациии околу дополнителните услови(начин на плаќање, време на испорака, сервисирање, други технички детали и др.) членовите треба да се обратат кај избраниот дистрибутерот, а СКМ ќе продолжи со договарање за најповолни цени за фискални уреди и со другите дистрибутери .
Во исто време сакаме да Ве информираме дека СКМ вложува напори кај надлежните институции при одјавување на старите каси да има подеднакви услови кај сите производители без паричен надоместок.
Членовите на комората кои се заинтересирани за користење на попустот потребно е да се обратат на Стручната служба каде ќе добијат потврда за членство што треба да го приложат кај избраниот дистрибуутерот.