Како се станува член

Стоматолошка комора на Македонија/Упис во Регистер

Потребни документи за покренување постапка за зачленување во Стоматолошка комора на Македонија и добивање на лиценца за работа за првпат:

Доктор на стоматологија кој има завршено шестгодишни, односно петгодишни студии по стоматологија на високообразовна институција во земјава или странство може да се стекне со документ за вршење на стоматолошка здравствена заштита (да се стекне со лиценца за работа) доколку до Стоматолошката комора достави:

-Фотокопија од уверение со оценки за завршен стоматолошки факултет (заверена на нотар).

-Фотокопија од уверение за положен стручен испит (заврена на нотар).

-Фотокопија од уверение за специјализација (заверена на нотар).

-Фотокопија од важечка лична карта.

-2 фотографии (со димензии како за лична карта).

-Уплата од 4.600,00 ден.во која влегуваат годишната членарина за конкретната календарска година, за членската карта и за лиценцата.

-Се пополнува Пријава за запишување во Регистерот (образец бр.2)

Лиценцата за работа што ја добива докторот на стоматологија е документ за вршење на стоматолошка здравствена заштита во РМ и е неопходен кога докторот се вработува во дејноста за која ја има добиено лиценцата и се доставува во Министерство за здравство на РМ.

Кликнете тука за да ги превземете потребните документи

Образец