Како се спроведува обуката и проверката на стручни знаења

1. Обуката се спроведува во стоматолошка ординација во која е вработен доктор на стомарологија кој најмалку пет години спроведува стоматолошка здравствена заштита во дејноста за која докторот бара да ја обнови лиценцата за работа (тоа значи дека доколку докторот е специјалист на пример по ортодонција, обуката ја спроведува во специјалистичка ординација по ординација во која рабвоти доктор специјалист по ортодонција со најмалку пет години искуство во оваа дејност).

Спроведената обука се докажува со стажанска книшка во која се внесени: назив и седиште на стоматолошката ординација, датумот од кога – до кога се спроведувала обуката, печат од ординацијата и фасимил на докторот кај кого колегата ја спровел обуката, како и уреден запис за текот на обуката и за научените вештини за време на обучувањето.

2. Докторот стоматолог до Стоматолошката комора на Македонија доставува доказ за помината обука (стажанска книшка со обука од 1 месец ) и Пријава за полагање на проверка на стручните знаења.

3. Со решение за свикување на комисија за проверка на знењата потпишано од претседателот на Комората се свикува испитот.

4. Се изготвуваат посебни записници за секој кандидат одделно.

5. Се изготвува еден општ записник за целата група.

6. Телефонски се информира испитната комисија за испитниот ден и составот на групата (дали се општи доктори или специјалисти).

7.  Телефонски се информираат кандидатите.

8. Испитната комисија се состои од 5 испитувачи.

9. Испитот е само устен – клинички случај се разгледува и во зависност дали е општ или специјалист, прашањата коишто се поставуваат се од таа област со испитувачите може да ја воочат подготвеноста на докторот по стоматологија да спроведува пракса во стоматолошка ординација.

10. По успешно спроведената обука и проверка на стручни знаења докторот на стоматологија се стекнува со уверени за успешно помината проверка на стручни знаења и лиценца за работа од областа за која докторот поминал обука и проверка на знаењата и за која поднел Барање за подигнување на лиценца по спроведена обука (образец бр.5).

Уверението и лиценцата се документи кои на докторот по стоматологија му се потребни за Министерство за здравство на РМ или Фондот за здравствено осигурување на РМ.

Кликнете тука за да го превземете образец бр.5