5/02

Информација за висината на трошоците

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ОБУКА И ПРОВЕРКА НА СТРУЧНИТЕ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА СТОМАТОЛОГИЈАТА

Почитувани колеги,

На иницијатива на членовите на Извршниот одбор и на Собранието на Стоматолошката комора на Македонија е донесена Одлука за намалување на цените за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата. Цените се намалени по три основи:

Место 36.000,00 денари, сега ќе плаќаат 10.500,00 денари членовите кои се упатени на дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности, оние кои не го исполниле условот за работа 60% во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа по различен основ, но се стекнале со соодветен број бодови од континуирано стручно усовршување во периодот на важноста на лиценцата.

Членовите на Комората кои не го исполнуваат условот за соодветен број бодови од континуирано стручно усовршување во периодот на важноста на лиценцата, а имаат доказ за работа од 60% во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа,  место 36.000,00 сега ќе плаќаат 25.000,00 денари.

Членовите, пак,  на кои лиценцата за работа им истекува на уште најмногу 12 месеци пред денот на исполнување на законски услови за старосна пензија а во моментот на истекот на важечката лиценца за работа поседуваат доказ за работа од 60% во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа, но не го исполнуваат условот за соодветен број бодови од континуирано стручно усовршување во периодот на важноста на лиценцата, се ослободени од плаќање на трошоците за испитот на проверка на стручните знаења и способости. Што значи дека место досегашните 36.000,00 денари, сега тие ќе полагаат бесплатно.

 

Стоматолошка комора на Македонија

Претседател

Проф.д-р Владимир Поповски