5/04

Дентална медицина прв и втор циклус интегрирани студии на факултет за Дентална медицина при МИТ Универзитетот Скопје

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

DENTAL CHAMBER OF MACEDONIA

ул.Антон Попов 1-4/5 1000 Скопје, тел: 02/3246-852

 

С О О П Ш Т Е Н И Е 

 

Почитувани колеги,

Врз основа на информацијата која се појави на официјалната фејсбук страна на МИТ Универзитетот Скопје, на која има приложено документ за одобрена акредитација на студиската програма Дентална медицина прв и втор циклус интегрирани студии на факултет за Дентална медицина при МИТ Универзитетот Скопје, од страна на одборот за акредитација и евалуација на високото образование, донесено на седницата одржана на 30.03.2018 година, СКМ упатува соопштение до јавноста.

Најпрво ќе биде побарано од релевантните институции да ни потврдат или одречат за валидноста и веродостојноста на овој документ. Доколку истиот биде потврден, должни сме да Ве информираме за следните наши активности како СКМ.

Една од основните цели на СКМ е да ги штити правата и интересите на стоматолошката фела, како и да дејствува во правец на унапредување на целата стоматолошка дејност.

Имено Ве известуваме дека и во изминатиот период од последните 4 години имаше вакви или слични обиди за акредитација на нов факултет по Дентална медицина, на кој СКМ секогаш се спротивставуваше и даваше негативен одговор по однос на ова прашање.

Имајќи го во предвид фактот дека во Република Македонија веќе постојат и функционираат 4 акредитирани факултети по Дентална медицина, како и статистичките податоци кои укажуваат на високиот процент на невработени доктори по стоматологија и хиперпродукција на кадри, СКМ јавно посочува дека постоечките анализи не оправдуваат акредитација на нов факултет по Дентална медицина и истото тоа би допринело за негативни последици врз стоматолошката фела и дејност.

Поради тоа, СКМ силно ќе реагира до надлежните институции, ќе се спротивстави и ќе бара овој проект да не се оствари, бидејќи тоа е во интерес на целата стоматолошка дејност.

СКМ е отворена за нови предлози од колегите кои ќе значат активности плус во надминување на оваа ситуација.

Решение за акредитација на студиската програма Дентална медицина прв и втор циклус интегрирани студии на факултет за Дентална медицина при МИТ Универзитетот Скопје

 

Со почит

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА