Добре дојдовте на страната на стоматолошка комора


mainimageСтоматолошката комора на Македонија е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика на полот, националноста и вероисповеста здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради аштита на интересите на стоматолошката професија. Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.


По повод VII Меѓународен конгрес на нови технологии во стоматологијата со работен наслов “Естетска стоматологија – уметност и наука” кој се одржува од 10-12.10.2014 година во Дом на АРМ, во сабота на ден 11.10.2014 во Клуб ” Маракана” со почеток од 21 часот, Организациониот одбор организира пригодна забава и дружење на која со секоја платена котизација секој учесник добива купон за гратис пијалок.


 СООПШТЕНИЕ ДО ЧЛЕНСТВОТО

 

Почитувани колеги, како резултат на посебните заложби на претседателот на Комората Проф. д-р Владимир Поповски за итно решавање на настанатиот проблем со евидентирањето на планираните и реализираните цели во порталот на Фондот за здравствено осигурување на РМ, Ве информираме дека истиот веќе е надминат.

Имено, по состанокот на претседателот на Стоматолошката комора на Македонија и директорот на Фондот за здравствено осигурување, од страна на Фондот се наиде на разбирање и желба за итно надминување на настанатиот технички проблем по што докторите на стоматологија кои имаат потпишано договор со Фондот за здравсто ќе може да ги реализираат планираните цели за трето тромесечие во електронска форма чиј краен рок е дефиниран за 10.10.2014 година.

Стоматолошка комора на Македонија


12