Добредојдовте на страната на стоматолошка комора

Стоматолошката комора на Македонија е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика на полот, националноста и вероисповеста здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради аштита на интересите на стоматолошката професија. Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.

Почитувани колешки и колеги,
Извршниот одбор на СКМ на својата последна седница го разгледа Предлог
текстот за нов Статут на СКМ поднесен од Статутарна комисија на СКМ.
По разгледување и дополнување на на Предлог текстот Извршниот одбор
донесе Одлука Предлог текстот на Статут на СКМ  да оди на јавна
расправа 30 дена од денот на објавување на веб страна на СКМ.

Во исто време Предлог текстот ќе се испрати до сите претседатели на РО
за разгледување по регионалните одбори.
Согласно Статутот и Одлуката на ИО во рокот од 30 дена за јавна
расправа сите членови на СКМ своите предлози за измени и  дополни  на
предлог текстот може  да ги достават до претседателите  на  своите РО
кои во рок од 7 дена ( од 15.08.2014 до 22.08.2014) треба да ги
достават до Статутарната  комисија за продолжување на процедурата .

 

 

Согласно програмските определби за активна соработка со коморите и сродните асоцијации во регионот и пошироко,  претседателот на СКМ , Проф. Д-р. Владимир Поповски  и претсдателот на ИО на СКМ  Д-р Маријан Денковски во периодот од 15 до 17.05.2014 година  беа гости на Хрватската комора на дентална медицина и на Здравнишка комора на Словенија.  

На 15.05.2014 претставниците на СКМ остварија средба со раководството и членовите на ИО на ХКДМ во Загреб, во просториите на хрватската комора на која беше разгледана состојбата во која се наоѓа стоматологијата во двете држави, досегашната соработка и пред се беа договарани детали за различни облици на понатамошна билатерална соработка.

На 16.05.2014 во Загреб се одржа состанок на К4 групата, која ја сочинуваат коморите на Македонија , Хрватска, БиХ и Словенија  во проширен состав со претседателите на подрачните седишта на Хрватската комора и на кој состанок се разгледуваат заклучоците од предходниот состанок на К4 групата , како и динамиката на идните заеднички активности.

Како централна тема на состанокот за издвојување е претставувањето  на програмските определби за идната меѓународна активност на новоизбраното раководство на СКМ и пред се договарањето за  идниот , веќе традиционален  заеднички  Конгрес на нови технологии во стоматологија кој ќе се одржи во Скопје од 10-12.10.2014 година  во организација на СКМ.

На 17.05.2014 представниците на СКМ беа гости на Здравнишка комора на Словенија , каде домаќинот покрај работен состанок во нивните простории  во Домус Медици, на кој  централна тема беше можноста за учествување во идни заеднички активности на национални нивоа  во рамките на проекти под покровителство на ЕУ , организира и семинар „Превентива и рано откривање на карцином на усна шуплина „ .

По завршувањето на еден од најдобро организираните научни собири од областа на максилофацијалната хирурфгија, 3тиот Конгрес во Охрид кој се одржа од 24-27 Април 2014, имаме чест Претседателот на Стоматолошката комора на Македонија Проф д-р Владимир Поповски да биде изгласан за Претседател на Балканската Асоцијација на Максилофацијална хирургија.

Со ова беше дадено големо признание на залагањата на Македонската стоматологија и резултатите кои несомнено ја промовираат нашата држава на Балканот но и пошироко во светот.

Предлог уредба за мрежа на здравствени установи

превземи

Ве молиме Вашите ставови по однос на Предлог-мрежата на здравствени установи изготвена од Министерството за здравство да ги доставите на маил адресата: jasminka@stomatoloskakomora.org

slika