Добре дојдовте на страната на стоматолошка комора


mainimageСтоматолошката комора на Македонија е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика на полот, националноста и вероисповеста здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради аштита на интересите на стоматолошката професија. Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.


ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани,

Ве информираме дека сертификатите од хуманитарниот симпозиум кој се одржа на ден 12.12.2015 година во Хотелот “Holiday Inn“ на тема “Современи стоматолошки методи и техники“ по повод 20-годишнината од постоењето на Комората, можете да дојдете и да ги подигнете во просториите на Стоматолошката комора на Македонија секој работен ден од 8-17 часот со приложување на уплатница.

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија


ДОНАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО ОД СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 

Станува збор за донација на сто специјални, анатомски перници за трудници и доилки кои беа донирани на 28.12.2015 година на  Клиниката за гинекологија и акушерство, собрани на хуманитарниот едукативен симпозиум на тема „Современи стоматолошки методи и техники“, што го организираше Стоматолошката комора на Македонија во координација со МСД и ДДДММ по повод 20-годишнината од нејзиното постоење.

1122


ИНФОРМАЦИЈА 

Почитувани,

Ве известуваме дека по повод 20-годишнината од постоењето на Стоматолошката комора на Македонија, на ден 12.12.2015 година со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин, Стоматолошката комора на Македонија во координација со МСД и ДДДММ организира симпозиум на тема „Современи стоматолошки методи и техники“. Котизацијата за овој настан изнесува само 300,00 денари и истите можете да ги уплатите на ж-сметката на Тутунска банка 210-051191380116. Овој настан е акредитиран со 4 бода за пасивно учество.

Собраните средства од овој настан ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ве информираме дека поради големата заинтересираност за симпозиумот кој ќе се одржи на ден 12.12.2015 (сабота) во хотелот Холидеј Ин и краткото време за техничка подготовка, односно печатење на сертификати и бар кодови, сметката за уплата ќе се затвори на ден 10.12.2015 (четвртокот) во 16 часот, но бројот на уплати останува неограничен.

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Превземи флаер


Известување од одржан Собир на доктори во регион  Струмица со дел од раководството на СКМ

На ден 22.09.2015 година во Струмица

По барање на регионалниот одбор на СКМ – Струмица и со планот на раководството на СКМ на чело со Проф. Д-р. Владимир Поповски за посета на регионите за приближување кон членството и поголема транспарентност на СКМ беше одржан Собир на Доктори, на кој беа присутни триесетина доктори на стоматологија од Струмица.

Прочитај повеќе


ИЗВЕШТАЈ ОД 7 – от КОНГРЕС НА СТОМАТОЛОЗИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Седмиот Конрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество се одржа од 11-14 Јуни 2015 година во Охрид, хотел Метропол. На конгресот зедоа учество 600 стоматолози од Република Македонија и соседните земји. Комерцијалната изложба беше реализирана со 16 фирми и 8 комерцијални презентации

Прочитај повеќе


Почитувани,

Во прилог ја објавуваме листата на здравствени услуги што можат да се укажуваат во ПЗУ по општа стоматологија.
Доколку имате предлози за проширување на оваа листа со нови техники и методи, Ве молиме во рок од 2 недели да ги доставите на е-маил адрестата: ivana@stomatoloskakomora.org.

Листата на здравствени услуги

Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија


Почитувани,

По завршените преговори со Министерството за здравство за проширување на листите на стоматолошките услуги од областа на орална хирургија,болести на заби и ендодонт,ортодонција и протетика, во прилог ги објавуваме листите. Листата на стоматолошки услуги што можат да се укажуваат во ПЗУ-специјалистичките ординации почнуваат да важат од моментот кога ординацијата ќе потпише договор за дејност  со Министерството за здравство.

Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија

Болести на заби и ендодонт
Ортодонција
Орална хирургија
Протетика

 


Почитувани,

Собранието на СКМ на својата втора редонва седница која се одржа на ден 04.04.2015 година донесе:

  1. ОДЛУКА- Поради донесениот Заклучок за поведување на прекршочна постапка против СКМ од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата ,согласно член 59 став 1 и член 7 став 1 од Законот за заштита на конкуренција ценовникот и Правилникот за заштита на минимални цени се става вон сила бидејќи според Законот за заштита на конкуренција забранети се сите договори склучени меѓу претпријатија, одлуките на здруженија на претпријатија и договорената практика чија цел или последица е спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата, а особено оне кои директно или индиректно ги фиксираат куповните или продажните цени или некои други услови за тргување .
  1. ВРЕМЕНА ОДЛУКА-специјалистите коишто ќе полагаат испит за проверка на стручни знаења за добивање на лиценца од примарна стоматолошка здравтвена заштита да бидат ослободени од плаќање од цената на испитот се до моментот кога Министерството за здравство на РМ во целост ќе ја примени законскта одредба од член 13 и член 17 од Законот за здравствена заштита.

Ви благодариме.

Одлуки од Собрание на СКМ


 СООПШТЕНИЕ ДО ЧЛЕНСТВОТО

Почитувани колеги, Стоматолошката комора на Македонија организира отворен ден на комората каде што секој член на комората ќе може да дојде на разговор директно со раковотството на комората за одредени идеи, забелешки или предлози. Секоја среда од 15 до 17 часот во просториите во комората почнувајки од 18.02.2015 год.

Со почит

Стоматолошка комора на Македонија

 

ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КОЛЕГИ КОИ ПЛАТИЛЕ, А НЕ ЈА ПОМИНАЛЕ ОБУКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ КАЈ СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА КОМОРАТА ПРЕКУ Е-МАИЛ АДРЕСАТА ana@stomatoloskakomora.org ИЛИ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ 071/219-201. ЗА ТЕРМИНОТ И МЕСТОТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА ЌЕ БИДЕТЕ ИЗВЕСТЕНИ ПО ТЕЛЕФОН ИЛИ МАИЛ.

 

ГИ МОЛИМЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА 2014 ГОДИНА ГИ ДОСТАВУВААТ ПРЕКУ МАИЛ, ЗА ИСТОТО ДА ЈА КОРИСТАТ СЛЕДНАТА Е-МАИЛ АДРЕСА: florentina@stomatoloskakomora.org