Добре дојдовте на страната на стоматолошка комора


mainimageСтоматолошката комора на Македонија е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика на полот, националноста и вероисповеста здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради аштита на интересите на стоматолошката професија. Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.


Прва официјална средба со ФЗОМ

На 03.11.2014 во просториите на ФЗОМ се одржа првата официјална средба помеѓу претставниците на Стоматолошка комора на Македонија предводена од председателот на комората проф.д-р Владимир Поповски и представници на ФЗОМ предводени од директорот на ФЗОМ м-р Маја Парнаџиева –Змејковска . На оваа средба, која на оваа ниво е прва во последниве 5-6 години двете страни ги изнесоаа своите видувања за моменталната состојба на стоматологијата во РМ , за статусот на македонскиот доктор –стоматолог , како и за состојбата во која се наоѓа и македонскиот осигуреник од аспект на оралното здравје.

CaptureПроф.д-р Поповски со своите соработници пред представниците на ФЗОМ го изкажа своето задоволство за започнатата соработка , како и од видливата состојба дека бројот на договори со фондот е во благ пораст , но во исто време изрази загриженост од фактот дека постоечкиот  буџет на ФЗОМ за стоматологијата е премногу лимитиран за да може да одговори на се поголемите обврски кои се поставени пред стоматолозите со договори со ФЗОМ.

Од СКМ пред се беше потенцирана потребата за изнаоѓање методологија и средства за зголемување на капитациониот бод за матичните стоматолошки тимови , како и за покачување на договорниот надоместок за  специјалистичко –консултативните стоматолошки тимови. Понатаму од страна на СКМ беше побарана подршка и формирање на заеднички став со ФЗОМ околу либерализација при доделување на концесии за специјалистички ординации во мрежа по што би следело и  потпишување на нови договори за специјалистите , како и подршка за заложбите кои идат во правец на зголемување на пакетот на услуги за сите специјалности независно дали имаат договори со ФЗОМ или не.

Представниците од ФЗОМ на средбата позитивно одговорија на заложбата на СКМ за понатамошна партнерска соработка по што следеше и договор за непоходна размена на информации потребни за анализа на состојбата и изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија за сите отворени прашања , како и договор за повторна  средба во најскоро време.


 СООПШТЕНИЕ ДО ЧЛЕНСТВОТО

 

Почитувани колеги, како резултат на посебните заложби на претседателот на Комората Проф. д-р Владимир Поповски за итно решавање на настанатиот проблем со евидентирањето на планираните и реализираните цели во порталот на Фондот за здравствено осигурување на РМ, Ве информираме дека истиот веќе е надминат.

Имено, по состанокот на претседателот на Стоматолошката комора на Македонија и директорот на Фондот за здравствено осигурување, од страна на Фондот се наиде на разбирање и желба за итно надминување на настанатиот технички проблем по што докторите на стоматологија кои имаат потпишано договор со Фондот за здравсто ќе може да ги реализираат планираните цели за трето тромесечие во електронска форма чиј краен рок е дефиниран за 10.10.2014 година.

Стоматолошка комора на Македонија